X
 16.07.2017 Живот

Карактеристики по кои се препознатливи интернет-троловите

трол

Сè поголем број луѓе стануваат мета на интернет-троловите. Освен непријатните аспекти, интернет-троловите шират лажни обвинувања, ја уништуваат туѓата репутација, па дури предизвикуваат и самоубиства. Важно е да се разбере феноменот на тролањето и оние што го применуваат, а некои истражувања велат дека тие може да се сè поприсутни и да предизвикаат долготрајна штета.

Изненадувачки, мал број истражувања се занимаваат со овој ефект. Тролањето и сајбер-исмејувањето се донекаде поврзани. Троловите ги малтретираат корисниците на социјалните мрежи или на други интернет-платформи, им се потсмеваат и ги злоупотребуваат. Тие се мотивирани од потребата за внимание, здодевноста или од возбудата поради предизвикување болка некому или во некои случаи одмазда.

Со тролањето, нападот мора да привлече публика, додека со сајбер-малтретирањето публиката и не е потребна. Без предизвиканиот шок и вниманието од другите, на троловите за брзо време им се здосадува, па се движат кон следната платформа и започнуваат да наоѓаат други жртви.

Двајца австралиски истражувачи, во истражување неодамна објавено во магазинот „Personality and Individual Differences“, овозможуваат нов увид во овој вознемирувачки тренд. Овие психолози си поставиле задача да го опишат личниот профил на еден просечен интернет-трол.

Натали Сест и Евита Марч од Универзитетот „Federation“ во Австралија го спровеле истражувањето, создавајќи онлајн-прашалник во кој се содржеле психолошки индикатори. Тие ги квантифицирале нивните карактерни особини и каков вид однесување прикажувале на интернет. Прво ја разгледале глобалната процена на интернет-тролањето. Оригинално, ова прво било процена со четири прашања. Сест и Марч додале уште четири предмети.

Биле вклучени изјави како: „Иако некои луѓе мислат дека моите постови/коментари се навредливи, јас мислам дека се смешни“. Испитаниците одговарале со скала од пет точки каде што 1 = силно не се согласувам и 5 = силно се согласувам. Садизмот бил измерен преку скала на кратки садистички импулси. Квалификациските изјави вклучувале: „Одмаздата треба да биде брза и непријатна“ и „Луѓето уживаат да ги повредуваат другите“.

На крај, емпатијата била измерена со помош на коефициент на емпатија. Тестот вклучува скала од четири точки каде што 1 = силно не се согласувам и 4 = силно се согласувам. Биле вклучени изјави како: „Добар сум во предвидување нечии чувства“ и „Се вознемирувам ако ги гледам луѓето што страдаат“.

Во истражувањето и процената учествувале 415 кандидати - 36% биле мажи и 63% биле жени, а нивната просечна возраст била 23 години. Истражувачите откриле дека кај мажите била поголема веројатноста да станат тролови. Тие имале повисоки нивоа на психопатија и садизам. Троловите не се нужно лишени од емпатија. Наместо тоа, тие имаат високо ниво на когнитива емпатија или разбирање на нечии емоции, но далеку помалку афективна емпатија.

Нивните психопатски тенденции ја надминуваат целосната емпатија. Вообичаено, троловите имаат лоши социјални вештини. Наместо да дејствува како издувен вентил за фрустрација, истражувачите откриле дека тролањето всушност завршило со негативни психолошки резултати кај троловите, иако тие биле сторителите.

Троловите користат емпатична стратегија за предвидување и препознавање на емоционалното страдање на нивните жртви, а се воздржуваат од искуството на овие негативни емоции.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот