X
 16.08.2019 Живот

Дали сте доволно ниски за Земјата на изгрејсонцето?

Јапонија е доста необична дестинација. Замислете како се шетате низ град во чудни и неудобни дрвени кломпи, завиткани во широко кимоно и ја јадете најотровната риба во светот со дрвени стапчиња.

При посетата на Јапонија ќе се соочите со доста необичен начин на исхрана, неудобен начин на седење, чудни паметни тоалети и посебен менталитет.

Но, постои уште еден проблем со кој се среќаваат туристите што ја посетуваат оваа земја - висината. Јапонците природно се многу ниски и многу градежни објекти се приспособени на нивната висина, па високите луѓе може лесно да си ја повредат главата.

Доволно е да сте високи 180 сантиметри и од посетата во оваа земја да се вратите со повреди на главата, доколку не сте доволно внимателни. Посебно треба да обрнете внимание на некои традиционални, стари делови од градот.

Веројатно нема да можете да влезете во продавниците во познатиот дел на гејшите во градот Каназава бидејќи сите врати таму се ниски. Иако модерно, метрото во Токио не е приспособено за високи луѓе.

Во Јапонија ќе имате проблем и да најдете гардероба во ваша големина. Во одредени хотели ќе мора наведнати да се туширате бидејќи тушот ќе ви биде до рамена.

Просечната висина за мажите во Јапонија е 170 сантиметри, а за жените 162,5 сантиметри. Нивна карактеристика е и дека имаат усогласена висина, па ретки се Јапонците што се повисоки од 180 сантиметри.

Доколку планирате да ја посетите оваа земја и да престојувате во хотел, задолжително проверете колку е долг креветот.

Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот