Познатиот тренер на НБА, Ред Ауербах еднаш рече: „Не можеш да учиш висина“.
Ова, секако, се однесуваше на спорт во кој висината е одредена и потребна. Но, исто така, и „Форбс“ го постави прашањето: Зошто високите луѓе уживаат економска предност во однос на нивните пониски колеги и во индустрии каде висината не треба да влијае на нечии работни перформанси?
Едно од поновите студии, кое се појавува во списанието „Плос уан“E, може да даде одговор на тоа прашање.
Имено, тим на научници предводен од Јун Ванг од Универзитетот „Ренмин“ во Кина, испитувал податоци земени од над 3.500 возрасни Кинези за да тестираат дали нивната висина е позитивно поврзана со нивниот годишен приход - и, ако е така, дали за тоа е виновна генетиката
Интересно е што нашле докази за поддршка на првото тврдење, но не и на второто.
- Разликите во приходите поврзани со нечиј физички изглед - како што се висината, растот, индексот на телесна маса и изгледот на лицето - мотивираа голем број студии кои се обидуваат да ги идентификуваат основните причински механизми. Овој труд користи неодамнешни податоци од Кина за да покаже дека висината е навистина поврзана со повисоки приходи - велат истражувачите.
Поточно, истражувачите проценуваат дека секој дополнителен сантиметар е поврзан со зголемување на годишниот приход од 1,30 отсто.
Со други зборови, човек кој е висок околу 167 сантиметри и заработува 50.000 долари годишно би очекувал да заработи околу 2.000 долари повеќе ако е висок 170 сантиметри и дури 4.000 долари повеќе ако е 172 сантиметри висок.
Важно е да се напомене дека оваа проценка претпоставува дека други фактори се поврзани со потенцијалот за заработка - на пример, пол, возраст, години на образование и локација. Но, тука работите стануваат уште поинтересни.
Истражувачите користеле генетско тестирање за да испитаат дали ефектот на висината врз приходите може да се објасни со нечии гени или - дали други фактори како што се социјални перцепции (доминација, самодоверба итн.) и влијанија од околината (рано хранење, дотерување и слично ) може да биде одговорен за создавање на овој ефект.
Тие откриле дека генетските маркери поврзани со поголема висина се поврзани и со други придобивки, вклучувајќи поголема когнитивна способност и помал ризик од депресија.
Со други зборови, иако постои аргумент дека повисоките луѓе заработуваат повеќе пари поради нивниот талент и дека дискриминацијата во висината е „економски рационална“ и покрај нејзините негативни социјални импликации, малку е веројатно дека генетиката сама по себе може да го објасни тоа.
Наместо тоа, авторите фаворизираат објаснување за „раната средина“, како што луѓето кои растат во здрави, конструктивни средини стануваат повисоки, попаметни и поуспешни од оние кои растат во сиромашни, деструктивни средини.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik