X
 16.08.2021 Култура

По 40 години Британците сфатија дека серијата „Ало, ало!“ е полна со стереотипи и бараат да биде откажана

Манијата на откажување на сериите почна да зема замав. По бројните цртани филмови на „Дизни“, на ред дојдоа и култните комедии, а прва на удар е „Ало, ало!“

Британците велат, не може тоа така, серијата има многу навредлива содржина, полна е со стереотипи и сексистички алузии. Се чини дека Британците почнаа да го губат својот препознатлив, остар хумор.

Се крена прашина околу култната серија за француско село и неговите жители за време на германската окупација во Втората светска војна. Имено, „Ало, ало!“ неодамна почна пак да се прикажува во Британија, а луѓето на социјалните мрежи почнаа да забележуваат дека пред секоја епизода се појавува предупредување за потенцијално навредлива содржина.

За нив проблематично е пренагласувањето на францускиот акцент, како и прекумерната сексуализација на жените и бројните стереотипни реплики.

- Оваа комедија содржи јазик и ставови од тоа време што може да бидат навредливи за некои гледачи - стои во предупредувањето, кое беше истакнато токму затоа што општеството се промени, иако оваа серија беше репризирана безброј пати во изминатите 38 години.

Комедијата на Би-би-си, која се емитуваше од 1982 до 1992 година, го следеше животот на Рене во текот на Втората светска војна во окупираната Франција и случувањата во неговото кафуле, кое беше омилено кај Германците и фронт за движење на отпорот.

Бројни гледачи реагираа на самата објава, коментирајќи со огорченост дека е непотребна и дека станува збор за претерана култура на откажување на серии и филмови што неодамна стана популарна.

На тој начин, Рене, неговата сопруга, господин Келкер, Мишел од движењето на отпорот, келнерката Мими, Флик, Хелга и останатите, би можеле засекогаш да бидат избришани од малите екрани и евентуално да преминат во „илегала“ кај сите оние кои го задржуваат чувството за хумор и ја сфаќаат иронијата и сарказмот што е ѕвезда водилка целата оваа серија.



Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура