Ова откритие доаѓа благодарение на напредната технологија на „Ниар-инфраред-камера“ (НИРкам), која овозможува проучување на најраните галаксии во универзумот.
Тимот од Универзитетот „Дурам“, успеал да ги набљудува податоците за формирањето на шипки кои се појавија само неколку милијарди години по Големата експлозија, што е значително подалеку од претходното знаење, обезбедено од телескопот „Хабл“. Ова ново откритие не само што ни дава увид во минатото, туку и поставува прашања за нашето разбирање за раниот развој на универзумот. Формациите со шипки, кои се показатели за стабилни средини, сугерираат дека галаксиите созревале побрзо отколку што се мислело.
Поинаков поглед
Зои Ле Конте, докторски истражувач на Универзитетот „Дурам“ и главен автор на студијата, истакнува дека галаксиите во раните фази на универзумот биле постабилни отколку што се мислело. Овие нови откритија би можеле да ги променат нашите погледи за раната еволуција на галаксиите.
-Галаксиите во раниот универзум созреваат многу побрзо отколку што мислевме. Ова е вистинско изненадување, затоа што би очекувале универзумот да биде многу турбулентен во таа фаза, со многу судири меѓу галаксиите и многу гас кој сè уште не се трансформирал во ѕвезди. Сепак, благодарение на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“, гледаме многу од овие траки, многу порано во животот на универзумот, што значи дека галаксиите биле во постара фаза од нивната еволуција, отколку што се мислело. Ова значи дека ќе треба да ги приспособиме нашите погледи за раната еволуција на галаксијата - заклучила таа.
Извор: klik.hr
Фото: Freepik