X
 16.09.2016 Живот

Не тагувај: Сѐ што си изгубил доаѓа пак во друга форма.

Цитатите на Руми се добро познати како мудри, провокативни за размислување и моќни. Се надеваме дека овие инспиративни и мотивациски цитати ќе ви помогнат да станете свесни за моќта и убавината што ја носите внатре во себе.

„Сè уште не знаеш? Твојата светлина е онаа што го осветлува светот“.

„Не се чувствувај осамено, целиот универзум е внатре во тебе“.

„Зошто тропаш на секоја друга врата? Оди и тропни на вратата на твоето срце“.

„Подигни ги твоите зборови, не твојот глас. Дождот е тој што ги прави цвеќињата да растат, а не грмотевиците“.

„Сè во универзумот е внатре во тебе. Барај се во самиот себе“.

„Дали ќе станеш патник на патот на љубовта? Првиот услов е да станеш потполно смирен како прав и пепел“.

„Блескај како целиот универзум да е твој“.

„Постојат илјадници начини да клекнеш на колена и да ја бакнуваш земјата и илјадници начини повторно да се вратиш дома“.

„Ова место е сон. Само оној што спие го смета за реалност. Потоа смртта доаѓа како зората и се будиш, смеeјќи се што твоите мисли биле тажни“.

„Оние кои не сакаат да се променат, оставете ги да спијат“.

Цитати на Руми од неговите поеми

„Ти не си капка во океанот. Ти си целиот океан во една капка“.

„Танцувањето не е безболно, како лист што ветерот го разнесува; танцувањето е кога твоето срце е раскинато, а твоето тело лебди помеѓу световите“.

„Кога ги правиш нештата од твојата душа, ќе почувствуваш река што се движи во тебе – радост“.

„Не се задоволувај со приказни за тоа како се одвиваат работите кај другите. Расплети го својот сопствен мит“.

„Бегај од она што е удобно. Заборави на безбедноста. Живеј таму каде што се плашиш. Уништи ја својата репутација. Биди прочуен. Многупати се обидував претпазливо да планирам. Од сега па натаму, јас ќе бидам луд“.

„Збогувањата се за оние кои љубат само со очите. За оние кои љубат со срце и душа, не постои разделба“.

„Зошто остануваш во затвор кога вратата е ширум отворена“.

„Пророците ја прифаќаат сета агонија и веруваат дека водата никогаш не се плаши од огнот“.

„Моето срце е толку мало што речиси е невидливо. Како може да смести толку голема болка? Погледни: тоа праша. Твоите очи се уште помали, а сепак со нив го набљудуваш целиот свет“.

Цитати на Руми за љубовта

„Твојата депресија е поврзана со твојата дрскост и одбивањето да се возвишиш“.

„Ако корените на дрвјата не беа вкоренети во земјата, тие ќе ме прогонуваа. Бидејќи јас цветам толку многу и ѝ завидувам на градината што цвета“.

„Твојата задача не е да бараш љубов, туку да ги отстраниш сите бариери во себе што си ги изградил спротивно на љубовта“.

„Не тагувај. Сè што си изгубил доаѓа повторно во друга форма“.

„Јас сум толку блиску, можам да ја гледам далечината.
Целосно измешан со тебе, можам да гледам одвоено.
Надвор, на отворено, се појавувам скриено.
Толку тивок, бидејќи секогаш разговарам со тебе“.

„Јас сум блесок во бесконечноста“.

„Секој е создаден за одредена работа, и желбата за таа работа е ставена во секое срце“.

„Не чекај повеќе. Нурни во океанот. Напушти сè и дозволи морето да бидеш ти“.

„Вие сте родени со потенцијал. Родени сте со добрина и доверба. Родени сте со идеи и соништа. Родени сте со величественост. Родени сте со крилја. Не сте создадени да лазите, па затоа не лази. Научете да ги користите своите крилја и летајте“.

„На љубовта ѝ треба љубов што ќе издржи сè, па дури и злоупотреба, што ќе трепери за момент. Но устата на небото е љубезна - тоа е песна што никогаш нема да те повреди. Затоа јас ги пеам тие зборови“.

„Запомни, влезот во светилиштето е внатре во тебе“.

Цитати на Руми за довербата

„Нека овие завети и овој брак бидат благословени“.

„Постои поле таму некаде, зад секој сомнеж и секоја грешка – таму ќе се сретнеме“.

„Имаш во себе повеќе љубов отколку што можеш да разбереш“.

„Минутата кога ја слушнав мојата прва љубовна приказна, почнав да те барам тебе, не знаејќи колку слеп сум. Вљубените не се среќаваат некаде – тие се едно во друго“.

„Она што го бараш, те бара тебе“.

„Игнорирај ги оние што те прават тажен и те исполнуваат со страв, до тој степен што те носат кон болка и слабост“.

„Бидете сигурни дека во религијата на љубовта нема верници и неверници. Љубовта ги прифаќа сите“.

„Кога сум тивок, во мене има бура“.

Цитати на Руми за соништата и животот


„Поставете го вашиот живот на оган. Барајте ги оние што го разгоруваат вашиот пламен“.

„Направи го твоето последно патување од овој чуден свет, летајќи кон височините, каде што нема повеќе поделба меѓу тебе и твојот дом“.

„Бог ги создал твоите крилја не за да останат неискористени додека си жив. Мораш постојано да се обидуваш, да ги користиш и да покажеш дека си жив“.

„Во твојата светлина учам како да сакам. Во твојата убавина како да правам поеми. Ти танцуваш во моите гради каде што никој не те гледа, но понекогаш и јас танцувам, а таа глетка станува уметност“.

„Твоето и моето срце се многу стари пријатели“.

Повеќе цитати од Руми

„Тишината е јазикот на Бог, а сè друго е лош превод“.

„Спокоен е оној кој не е загрижен дали има повеќе или помалку. Неповрзан со име и слава, тој е слободен од болката на светот и, најмногу, од себеси“.

„Јас реков: Што е со моите очи?
Бог рече: Задржи го погледот со нив кон патот.
Јас реков: Што е со мојата страст?
Бог рече: Остави ја да гори.
Јас реков: Што е со моето срце?
Бог рече: Кажи ми што чуваш внатре.
Јас реков: Болка и тага.
Бог рече: Остани во нив. Раната е место преку кое светлината влегува во тебе“.

„Барај ја мудроста што ќе го одврзе твојот јазол. Барај го патот што го бара целото твое битие“.

„Барав во храмови, цркви и џамии. Но ја најдов божественоста во моето срце“.

Цитати на Руми за животот и љубовта

„Патувањето носи сила и љубов во твојот живот“.

„Јас сум исполнет со тебе – кожа, крв, коски, мозок и душа. Нема простор за недоверба и сомнеж, само постоење“.

„Пенкалото долго време чкрташе. Кога се обиде да напише љубов, се скрши“.

„Биди ламба, брод на животот, скала. Помогни ѝ на нечија душа да се исцели. Излези од својата куќа како духовен водач“.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот