X
 16.09.2022 Економија

Еве колку заработува најпопуларниот тиктокер од само една објава

Сенегалецот Каби Лејм, кој има 22 години, во јуни ја надмина популарната тинејџерка Чарли Дамелио и стана најследен корисник на „Тик-ток“.

На оваа социјална мрежа Каби има над 149,5 милиони следбеници, а за само една објава заработува огромни суми. Неговиот менаџер, Алесандро Риџо, открил за колкава сума станува збор.

Имено, за една своја објава Каби може да заработи и до 750.000 долари, што значи дека Сенегалецот е на пат да заработува 10 милиони долари годишно.

@khaby.lame Ficou muito simples 🤲🏿😁 (It was easy!) 🤲🏿😁 #learnfromkhaby #learnontiktok @TikTok @tiktok creators ♬ original sound - Khabane lame


Висината на хонорарот на Каби се одредува по договор, а поголемиот дел од неговите приходи доаѓа од рекламирање брендови на неговиот профил. „Хуго Бос“ му плати 450.000 долари на Каби за да настапи на нивната ревија за време на Модната недела во Милано и да го сподели тоа на својот профил.

Се открива и дека едно холивудско студио му платило 750.000 долари за само една објава.

@khaby.lame Ahhhhh wooooww 🤷🏿‍♂️ 😑 Khaby Move is Back! 😏 #learnfromkhaby #learnontiktok @TikTok @tiktok creators @lindagonzales686 ♬ original sound - Khabane lame


Каби почнал да снима содржина за „Тик-ток“ откако останал без работа во текот на пандемијата. Тој е познат по неговите видеозаписи во кои не зборува, а исмева многубројни ситуации со впечатлив израз на лицето.

Каби се преселил во Италија во 2001 година заедно со родителите. Откако завршил средно образование, работел во фабрика, но  бил отпуштен за време на пандемијата.

Неговиот менаџер посочил дека Каби воопшто не знае колку пари има на својата сметка и дека му е најбитно да ја насмее публиката.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија