X
 16.09.2022 Живот

Од 2023 година жителите на Виена ќе може да одат до аеродром со велосипед

Во Виена почна изградбата на нова велосипедска патека која треба да ја поврзе градската мрежа на велосипедски патеки со аеродромот во градот.

Проектот е воден од властите на Австрија. Благодарение на проектот, наскоро жителите ќе може да возат велосипед до аеродром. Велосипедската патека ќе биде одвоена од коловозот на кој се движат автомобилите, а ќе биде широка три метри.

Патеката ќе го поврзе аеродромот со населбата Симеринг, која е најблиску до аеродромот, а од која започнува мрежата на велосипедски патеки во градот.

Таа треба да биде готова наредната година.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот