X
 16.09.2025 Живот

Почина познатиот актер Роберт Редфорд

На 89-годишна возраст почина познатиот актер, продуцент и режисер Роберт Редфорд.

Роберт Редфорд беше најпознат по својата улога во филмот „Буч Касиди и Санденс Кид“, кој му донесе светска слава. Исто така, глумеше во култни филмови како „Бодежот“, „Сите луѓе на претседателот“, „Начинот на кој бевме“ и многу други.

Освен како актер, тој постигна огромен успех и како режисер. Со својот филм „Обични луѓе“ (1980) освои два „Оскари“ - за најдобар филм и за најдобар режисер. Подоцна беше режисер и на други значајни филмови, меѓу кои и „Река тече низ него“.

Неговата страст кон филмската уметност доведе до основање на институтот „Санденс“, непрофитна организација која поддржува независни филмови и театри, а позната е и по својот годишен филмски фестивал „Санденс“, еден од највлијателните во светот.

Редфорд беше еколошки активист. Во 1961 година се пресели во планините на Јута и предводеше акции за зачувување на природниот пејзаж на оваа сојузна држава и на американскиот запад. Подоцна, заедно со својот син Џејмс, ја основа организацијата „Редфорд центар“, која преку филм и уметност се бори за подигнување на јавната свест за климатските промени и заштитата на животната средина. 

Извор: 6yka.com | Abcnews.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот