X
 16.10.2018 Живот

Според Џеф Безос, ова е знак дека сте натпросечно интелигентни

Џеф Безос е на чело на една од најуспешните компании на сите времиња, „Амазон“, а поседува и лично богатство од 150 милијарди долари. Сите можеме да се согласиме дека човекот е прилично паметен. Очигледно е дека е опкружен со други паметни и талентирани луѓе кои можат да помогнат и да ја направат неговата визија реалност.

Како ги пронаоѓа овие паметни луѓе? Ова е прашање на кое Џеф Безос неодамна го даде одговорот, а одговорот е токму спротивното од она што повеќето луѓе го очекуваат.

Паметните луѓе често грешат

Повеќето од нас, кога сакаме да откриеме дали некој е паметен, прашуваме дали личноста е често во право: дали го има точното познавање за светот и неговата област на експертиза? Дали дава точни одговори кога ќе се соочи со потешки проблеми? Дали неговите предвидувања излегува дека се точни?

Но, контраинтуитивната стратегија на Безос не е само да открие колку често луѓето се во право. Наместо тоа, тој бара и луѓе што можат да признаат дека не се во право и што честопати го менуваат мислењето.

Безос забележува дека најпаметните луѓе постојано го ревидираат своето знаење, преиспитувајќи го проблемот за кој мислеле дека веќе го решиле. Отворени се за нови гледишта, нови информации, нови идеи и предизвици за своите начини на размислување.

Подготвеноста да се разгледаат нови информации оди рака под рака со подготвеноста да се признае дека стариот начин на размислување е погрешен. Со други зборови, за да се бидете суперпаметни, мора често да се премислувате.

Безос не смета дека доследноста на мислата е особено позитивна. Тој охрабрува идејата што човек ја имал денес да биде сосема различна и контрадикторна со идејата утре.

И модерната наука се согласува со Безос, а психолозите ова го нарекуваат интелектуална понизност. Истражувањата за донесување одлуки покажуваат дека луѓето што повеќе сакаат да ја разберат идејата дека прават погрешно, прават значително подобар избор. Ако човек не е во право, тоа не е знак на глупавост, туку знак на љубопитност, отвореност кон нови информации и конечно, интелигенција.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот