X
 06.04.2016 Здравје

Земјите во Европа со најдебело население

Британија ќе биде најдебелата земја во Европа за една децанија, вели најголемото истражување за дебелина.

 

debeli


Новите бројки предвидуваат дека 37.7% од луѓето во Британија ќе бидат со прекумерна тежина до 2025 година, вели истражувањето предводено од Училиштето за јавно здравје на Империјалниот колеџ во Лондон.

„Оваа епидемија на сериозна прекумерна тежина е премногу проширена за да може да се реши со лекови како што е крвен притисок, намалување на лекови и третмани за дијабетес, или пак со неколку велосипедски патеки. Дебелината ја достигна кризната точка. Мора да  започнеме со глобални иницијативи - како на пример анализа на цената на здравата храна во споредба со нездравата храна, или данок на висок шеќер и високо процесирана храна со цел да и` се доближеме на кризата и да започнеме да ја уништуваме“, велат научниците кои го водеа истражувањето.

За прв пат во историјата на светот, постојат повеќе луѓе со прекумерна тежина отколку луѓе слаби луѓе во светот поради лошата исхрана и недостатокот на вежбање.

Истражувачите од Империјалниот колеџ во Лондон предупредуваат дека во рок од десет години, луѓето ќе бидат сериозно дебели, и нив нема да можат да им помогнат никакви лекови - операцијата ќе биде единствената опција за спречување на болест или рана смрт.

Моментално во Европа, Велика Британија има најлошо ниво на дебелина, со трет највисок BMI (Body Mass Index) за жените и десетти највисок за мажите. Само Малта и Турција моментално имаат поголем број на дебели луѓе.

 

tezina


Во истражувањето не беше вклучена Македонија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје