„Фантом Архитектура“ е книга што ги спојува најчудните дизајни во светот што никогаш не биле направени. Ова се некои поинтересни.
1. Купола над Менхетен
Се чини дека архитектите со оваа купола сакале да го заштитат градот од напади, меѓутоа првичната идеја била да се зачува енергија.
Американскиот инженер и дизајнер Ричард Бакминстер Фулер ја добил идејата кога ја разгледувал мапата на Менхетен во 1960 година. Тој мислел дека со изградбата на куполата во областа околу Источната река до Хадсон, ќе се задржи топлината што излегува од зградите и ќе ја намали потребата за контролирање на климата. За жал, идејата никогаш не била реализирана.
2. Огромен облакодер во Чикаго
Во 1959 година, Френк Лојд Рајт важел за еден од најискусните дизајнери во тоа поле. Г-дин Рајт предложил да се изгради кула висока 1.6 километри во Чикаго, со оглед на тоа што Чикаго било местото каде што тој ја започнал праксата како архитект, па таму се наоѓаат некои од неговите најпознати градби.
Чикаго има извонредна архитектура, меѓутоа ништо слично како високата кула на Рајт, што тој ја нарекол „Илионис“. Бројките се зачудувачки: 528 спрата, 76 лифтови и паркинг за 15.000 автомобили.
3. Кластери во воздух
Во 1962 година Токио растел толку брзо, што Арта Исозаки имал решение за проширениот јапонски град - кластери во воздух.
Со решението предложено од Исозаки, градот не требало да расте во ширина, туку нагоре. Кластерите биле дизајнирани да бидат доволно силни, сместени на огромни структури.
4. Град што се движи
Идејата на Рон Херон била навистина уникатна. Неговиот „град што се движи“ бил дизајниран да лута низ Земјата и да оди онаму каде што е потребно.
Концептот бил за метропола што се содржела од серија на мобилни структури што би можеле да се движат наоколу со нивните големи телескопски челични нозе. Како што рекол Рон Херон, тој се обидувал да создаде архитектура со спојување на зградите, технологијата и уметноста за да направи нешто посебно за корисникот.
5. Хиперзграда во Бангкок
Името можеби е ново, но концептот е стар. Хиперзградата е голема структура што нуди дом за голем број луѓе и содржи многу различни функции во рамките на нејзините ѕидови. Зградата на Бангкок требало да биде збир од високи кули во комбинација со дијагонални и хоризонтални згради, поврзани со лифтови и жичарници.
Се сметало дека урбаното ширење би можело да се избегне со изградба на високи структури што би можеле да остават простор за зеленило.
6. Азиски структури - решение за пренаселеноста во Кина
Денес, местото што најбрзо се менува на планетата Земја, местото со најголема потреба за урбано преиспитување е Кина. Оваа земја се соочува со сеизмичко движење на населението во нејзините градови. Градовите трошат 75 отсто од енергијата на Земјата и се одговорни за 80 отсто од нејзините емисии на јаглерод.
Дизајнот на азиската структура е одговор на белгискиот архитект Винсент Калебоут на проблемите со кои се соочува големиот град Шенжен.
Проектот го поврзува руралното и урбанистичкото во една висока структура.