X
 16.11.2015 Технологија

Откријте кој е совршениот програмски јазик за вас

Стив Џобс еднаш изјави: „Мислам дека секој во оваа земја треба да научи како да програмира на компјутер, бидејќи со тоа ќе научите како да размислувате“.

Затоа, добро би било да се потрудите и да научите како да кодирате. Сигурно се прашувате кој програмски јазик треба да го научите најпрво?

Дали сте нови во светот на кодирањето?

Ако сте нови во светот на кодирањето, можете да започнете со јазици како HTML и CSS. Треба да знаете дека HTML не е програмски јазик, туку маркап јазик кој се користи за форматирање на документи и градење на „блокови“ на веб страните. Слично на тоа, CSS е за клиентот на веб страната. Тој помага во презентирањето на HTML и дизајнот на веб страната.

Познавањето на HTML е корисно дури и кога не сакате да бидете програмер. Тоа ви кажува како функционира веб страната и ве учи како да ја поправите сопствената страна и блогот.

Ако сте нови и ако сакате да ги научите основите  и како компјутерите работат, тогаш научете С.

Се препорачува:

НTML5 & CSS3 Web Design Bundle

 

Дали сакате да правите веб страни и веб апликации?

JavaScript несомнено е еден од најдобрите 5 јазици кој е потребно да се знае во следните 10 години. JavaScript, заедно со HTML и CSS, раководи со интернетот и нема да се промени наскоро.

Овој јазик се коирсти за интерфејс и позадински услуги на интернетот. Овој јазик ве прави подобар девелопер и тоа е совршениот програмски јазик за вас, ако сакате да правите било што на интернет.

Се препорачува:

Essential JavaScript Coding Bundle – 15 курсеви
Learn it Faster: The Entire JavaScript Language in a Single Image


Дали сакате да научите како да програмирате и да заработувате пари?

За тестирање на апликации и учење на заднинско програмирање, Python и Ruby се најдобрите опции.

Python е јазик кој е лесен за учење. Ако сакате да научите нови предмети како што е машинско учење и вештачка интелигенција, тогаш ова е вашиот јазик за учење.

Се препорачува:

Python Programming Pro Bundle – 6 курсеви
Learn it Faster: The Entire Python Language in a Single Image


Дали сакате да правите апликации за Android, iOS и Windows?

Android развивањето е еден од најпопуларните растечки пазари во моментот. За овој отворен извор на оперативен систем, развивањето на апликациите се прави во Java јазик.

Ако сте заинтересирани за создавање на iOS апликации, тогаш Objective-C и Swift се апликациите кои треба да ги научите. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија