X
 03.10.2015 Образование

Бесплатни онлајн-алатки за учење арапски јазик

Арапскиот јазик е еден од најтешките за учење. Иако претставува предизвик, постојат места на интернет кои бесплатно им помагаат на заинтересираните во учењето на овој јазик. Слични водичи за учење странски јазици објавивме и за кинескиот, германскиот, францускиот, италијанскиот и јапонскиот јазик. Во продолжение проверете ги линковите за учење арапски јазик.


„Арапски за глобална размена“ - мал курс составен за индивидуалци кои имаат многу мало знаење од арапскиот јазик и арапската култура.

Лекции за арапски јазик - се работи за десет бесплатни лекции за арапскиот кој се зборува во Јордан.

Арапски за почетници - серија од видео лекции од универзитетот „Даларна“ во Шведска.

Подкаст за арапски јазик - вклучува аудио лекции и документи со разговорите од лекциите.

Пишуван арапски - содржи вежби за зборување и пишување на арапски јазик.

Изговор - вовед во изговарањето на арапските гласови.

Саудискоарапски - овде ќе научите повеќе од дијалектот кој се зборува во Саудиска Арабија.

Компаративен арапски - се работи за пишувани лекции во кои се споредуваат дијалектите од јазикот.

Фрази за снаоѓање - овде ќе ги најдете основните фрази за снаоѓање.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование