X
 22.12.2017 Технологија

Како да откриете дали вашиот компјутер тајно „копа“ криптовалути и што можете да преземете?

Вашиот компјутер би можел тајно да „копа“ криптовалути, отежнувајќи ја процесорската моќ на вашиот компјутер за да ги потврди трансакциите и да генерира нови и профитабилни монети - а вие не можете да профитирате од нив. Инцидентите со малициозен софтвер што содржи алатки за крипторударство оваа година се зголемија за шест пати според Ај-би-ем. Еве како да откриете дали некој ја користи вашата компјутерска моќ за да ги збогати другите.

Проверете ја употребата на процесорот

Отворете и видете дали употребата на процесорот при посетување на одредена веб-страница го забавува работењето на вашиот CPU. На „Мек“ компјутер отворете „Activity Monitor“, а на „Виндоус“ одете во „Task Manager“.

Ако видите зголемен процент во користењето на „CPU“ кога посетувате одредена веб-страница, тогаш можеби имате проблем.

Може да ви помогнат рекламните блокатори

Вашиот компјутер може да „копа“ со посета на одредена веб-страница или ако има заразена реклама на веб-страницата.

Доколку тоа е случајот, откако ќе ја напуштите веб-страницата или откако ќе го затворите јазичето, „копањето“ престанува. За да бидете безбедни, добро би било да ја блокирате „Javascrpit“ на страница за која знаете дека е инфицирана.

Софтверот за блокирање реклами исто така може да филтрира „рудари“ во самиот прелистувач. Ваквата скрипта, која најчесто се интегрира на веб-страниците, се вика „Коин Хајв“, што не е задолжително малвер. Може да биде вградена во веб-страниците без посетителите да знаат. Eден софтвер за блокирање на реклами, „АдГард“, ја скенира веб-страницата за да види и ве предупредува. „АдБлок Плус“, екстензија на прелистувачот, предлага додавање на филтер во неговите вградени опции за блокирање чија цел е „Коин Хајв“.

Истражувачите од Ај-би-ем пронашле пософистицирана класа на прикриен софтвер за рударство кој продира во системот, што се доставува преку инфицирани слики или преку кликање на линкови доведувајќи до малициозни веб-страници. Ваквите напади имаат тенденција да таргетираат корпоративни мрежи.

Ако вашиот систем е инфициран, треба да забележите деградација во перформансите. Во тој случај активирајте го „Аctivity Monitor“ или „Task Manager“ за да ја проверите употребата на процесорот.

Дали овие работи „копаат“ биткоини?


Не, бидејќи биткоин бара преголема компјутерска моќ, дури и ако се инфицираат милион обични компјутери. Биткоин-рударите денес оперираат со голем број центри за податоци кои содржат илјадници машини специјално изградени за копање биткоини.

Наместо тоа, овие рудари најчесто се обидуваат да добијат монеро, приватна валута со тековна пазарна вредност од 1,3 милијарди долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија