X
 16.11.2018 Живот

Колин О'Брејди е на патување кое никој никогаш не го преживеал

Американецот Колин О'Брејди тргна во невозможна мисија. Во текот на 70-дневното патување тој ќе се обиде да мине пат од илјада милји по суровиот и неиздржлив студ на Антарктикот. Сам, без ничија помош.

Секако, луѓето постојано минуваат низ Антарктикот, но никој на начинот на кој тоа го прави американскиот спортист и истражувач. Имено, тој тргна од едниот брег кон другиот без обновување на резервите што ги понесе со себе на почетокот од месецов.

Секој што пробал вакво нешто или се откажал или починал.

- Ова е потфат што не му успеал никому, а многумина се обидувале во последните сто години - вели Колин.

Американецот го започна своето патување од ледениот гребен Рос, каде што слета со авион. Од таа точка го започна искачувањето кон Јужниот Пол. Тој се надева дека патувањето ќе го заврши на ледениот гребен Рон, кој се граничи со Веделовото Море.

Неговиот потфат подразбира дека секој ден мора да мине повеќе од 22 километри, носејќи со себе опрема и резерви. Во случај нешто да тргне наопаку, Колин со себе носи сателитски телефон.

Тој може да се движи брзо. Пред две години се искачил на највисоките врвови на сите седум континенти за само 132 дена. Со тоа стана светски рекордер за најбрзо искачување на седумте врва.

View this post on Instagram

Greenland Day 20: The days out here are almost exactly the same in structure. My routine: 5:15am alarm goes off, first thing brush off ice inside my tent, light the stove for breakfast. 5:30-6:30, morning chores in the tent, eat breakfast (oatmeal), put on my boots. 6:30-7:00 battle the wind and cold to get my tent down and sled packed with all of my gear. 7:00am Strap on my harness, put on my skis and begin the days trek walking into the endless white. First half of the day: 1 x 90 minute sled pull, 10 min break. 4 x 1 hour sled pull, with 10 min break between to eat and drink. 30 minutes for lunch (Ramen Noodles). Second half. 1 x 90 mins, 10 min break. 3 x 1 hour, 10 min break. 10 hours of total sled pulling. 7pm arrive in camp set up tent, light stove. 7:30-9:00pm get inside tent, shovel snow, boil water. Eat dinner, and get into sleeping bag. 9-930pm my one guilty pleasure and really only time in the day that I’m not working, I watch a 30 minute Netflix episode, right now I’m into the show “Love.” Hilarious! 9:30pm - bedtime. My tent is cozy but I must say I am REALLY missing my @sleepnumber bed! Repeat this day over and over for weeks until I end up on the other side of Greenland.

A post shared by Colin O'Brady (@colinobrady) on


Американецот се натпреварувал и во триатлон, пешачел по Северниот и Јужниот Пол, а неодамна го завршил и тренингот од 30 дена на Гренланд.

Сепак, ова патување не е како другите, а Брејди минал многу време тренирајќи го својот ум - десет дена во целосна тишина, без читање, пишување или контакт со други луѓе.

Ако сте љубопитни каде се наоѓа Американецот, имате можност да го следите неговиот профил на „Инстаграм“, каде што тој редовно ги известува следачите за тежината и условите на патувањето.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот