X
 10.11.2023 Наука

НАСА има нови сознанија за топењето на мразот на Антарктикот

Благодарение на истражувањето објавено во списанијата „Нејчр“ и „Ерт систем сајнс дата“, НАСА дојде до нови сознанија за намалувањето на нивото на морскиот мраз на Антарктикот.

Новото истражување на Антарктикот, вклучувајќи ја и првата карта на сантата што се намалува, детално објаснува како се менува нивото на морскиот мраз.

Најголемата неизвесност во предвидувањето на порастот на глобалното ниво на морето е колку ќе се забрза губењето на мразот на Антарктикот со загревањето на климата.

Двете истражувања објавени на 10 август од истражувачите на НАСА откриваат неочекувани нови податоци за тоа како ледената покривка на Антарктикот ја губи масата во последните децении.

Едно истражување, објавено во списанието „Нејчр“, анализира како топењето на мразот, односно одвојувањето на мразот од глечерот, го променило брегот на Антарктикот во последните 25 години.

Истражувачите откриле дека работ на ледената покривка ги отфрла сантите побрзо отколку што мразот може да се замени. Ова изненадувачко откритие ги удвојува претходните процени за загубата на мраз на Антарктикот од 1997 година.

Губењето на мразот поради одвојувањето на глечерите ги ослабна ледените плочи и им овозможи на глечерите на Антарктикот брзо да се стопат во океанот, забрзувајќи ја стапката на глобално зголемување на нивото на морето.

Другото истражување, објавено во „Ерт систем сајнс дата“, го покажува до невидени детали намалувањето на мразот на Антарктикот. Во комбинација, комплементарните извештаи досега даваат најцелосен приказ за тоа како се менува нивото на мразот.

Повеќето глечери на Антарктикот се влеваат во океанот. Ледените плочи дејствуваат како потпори на глечерот, спречувајќи мразот едноставно да се лизне во океанот. Кога ледените потпори се стабилни, тие имаат природен циклус на распаѓање и надополнување што ја одржува нивната големина прилично константна на долг рок.

Но, во последните децении, затоплувањето на океанот ги дестабилизира ледените плочи на Антрактикот така што ги топи одоздола, правејќи ги потенки и послаби. Сателитите го мерат процесот на разредување со снимање на променливата висина на мразот, но до ова истражување немало сеопфатна процена за тоа како би можеле да влијаат климатските промени врз промената на континентот.

Извор: Nasa.gov
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука