X
 27.06.2017 Економија

Како Северна Кореја од една од најсиромашните земји израсна во глобална воена велесила?

Северна Кореја е најмистичната и најзатворената земја на светот, како и една од најсиромашните држави со БДП помеѓу 28 и 34 милјарди долари. Со тоа се наоѓа меѓу 180 и 194 место, односно на самото дно на светките ранг листи.

Но она што е феноменално и зачудувачко за неа е како успеа да прерасне во воена велесила, наоружана со најмодерни балистички ракети?! Диктаторо Ким Јонг-ун успева да им пркоси на најголемите светски сили. Последните лансирани 9 проектили се проценува дека премногу ја исцрпиле нејзината економија при што околу 17% од популацијата или 4,4 милиони жители страдаат од глад, а 7,6 милиони се под постојан стрес дали ќе можат да преживеат и да ги задоволат основните потреби.

Четврта држава во светот по бројот на војници


Половина од населението во Северна Кореја живее во екстремна сиромаштија. Најголемиот парадокс: таа е прва во светот по висината на средствата кои ги одвојува за војската, дури 25% од државниот буџет. Таа има 1,2 милиони војници од вкупно 25 милиони жители и е на четврто место. Пред неа се Индија, Пакистан и САД, а по неа се Русија и Јужна Кореја.

По пресметките на експертите само во првата половина од оваа година, Северна Кореја потрошила 630 милиони американски долари на балистички проектили, додека просечната плата се движи од само 30 до 80 долари. Кога ќе се земат предвид и другите трошоци за одржување, вежби, истражување и развој, како и гориво, трошоците се уште поголеми.

Воената сила се финансира со извор на суровини

Многу е логично да се постави прашањето од каде државата црпи пари за да ја направи најголема воена сила на светот додека нејзините жители се соочуваат со сиромаштија. Леонид Петров, истражувач на Австралискиот национален универзитет, објаснува дека Северна Кореја е богата со природни ресурси како јаглен, знато, сребро, ураниум, олово, цинк, железна руда како и некои ретки метали. Притоа таа тргува со Кина, Јужна Кореја, Русија, ЕУ, Индија итн. Освен тоа Северна Кореја реализира огромен профит со магнезит и графит кои се користат во производство на паметни телефони. Покрај тоа таа извезува и машини, производи од црна металургија, текстил, па и риба.

Шверц со оружје, работници во странство како робови


Во извештај на Обединетите нации се вели дека севернокорејски брод бил пресретнат на пат кон Суетскиот канал и во него биле пронајдени муниција и ракетни бомби. Имено, тие биле прикажани како делови за спојување на подводна пумпа. На бродот исто така се пренесувале и минерали кои се забранети од ОН. Исто така се проценува дека околу 50.000 Севернокорејци во моментот работат како робови во 40 земји, главно во Кина, Русија, на Блискиот Исток, Источна Европа и Југоисточна Азија и тоа на градилишта и во рудници.

Црниот пазар на многумина им е главен извор на приходи

„Биро 38“ ги следи сите девизни трансакции во хотели, продавници, на сивиот пазар, но контролира и приходи кои се остваруваат со криумчарење на лекови, наркотици, цигари и фалсификувани долари. Задачата на ова биро е да собира пари за елитата на Северна Кореја и функционира како приватна банка и супермаркет на диктаторот.

Се верува исто така, дека одделот „Единица 180“ е задолжен за организираниот сајбер-напад “Wannacry” кој блокираше повеќе од 300.000 компјутери во 150 земји.

Но, иако се оддалечени од светот, постои напредок. Иако економијата е постојано на раб на колапс многу Севернокорејци воодушевуваат со тоа како можат да произведат некои од најсложените продукти на денешницата. Не може да се негира вонредната трудољубивост, високата стручност и послушност на нејзините жители и покрај бедата во која повеќето од нив живеат.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија