X
 12.08.2017 Живот

Рајскиот остров на кој луѓето живеат во страв

1
Фото: Reuters

Бели песочни плажи, кристално чисто море, палми на плажа. Сè што ви е потребно за совршен одмор и бегство од реалноста го имате токму на овој оддалечен пацифички остров Гуам. Освен едно нешто.

Станува збор за стратегиски важна прекуморска територија на Америка што се наоѓа на околу 3.000 километри од Северна Кореја. Токму овој остров стана најновата цел на севернокорејскиот режим.

Оваа земја е блиску до Северна Кореја и самото тоа е доволен мотив за напад, за кој пред неколку дена почнаа да пишуваат тамошните медиуми.

Најновата анализа на американските воени разузнавачки агенции покажува дека Северна Кореја успеала да произведе минијатурна нуклеарна боева глава што ќе може да ја монтира на своите ракети. Во анализата пишува дека Ким Јонг-ун моментално контролира околу 60 боеви глави, што е многу повеќе отколку што независните експерти проценувале. „Ако продолжите да ѝ се заканувате на Америка, ќе се соочите со оган и бес!“ - ова беше првата реакција на американскиот претседател Доналд Трамп.

2
Фото: Reuters

На островот Гуам живеат 160.000 жители, а тој претставува симбол на американската моќ на Пацификот. На овој остров се наоѓа заедничка воена база на воздухопловните сили и морнарицата. Таму е и пристаништето за нуклеарната подморница и контингент на специјални сили, а од островот полетуваат и стратегиски бомбардери, како оние што во понеделникот предизвикале бес кај Ким Јонг-ун.

Островот има вкупна површина од 540 квадратни километри. Американските бази заземаат една третина од целата површина на островот.

Жителите на Гуам се Американци, но немаат право на глас. Со нервоза реагираат на заострувањето на реториката меѓу Северна Кореја и Америка.

„Сите живееме во страв. Ако нешто се случи, мораме да бидеме подготвени и да го молиме Бога да не се случи. Станува збор за сила што е посилна од нас“, вели Дејзи Мендиола, жителка на Гуам.

3
Фото: Reuters

Граѓаните стравуваат дека актуелната американска администрација нема да биде во состојба да пронајде мирен излез од кризата.

Туристичките агенции во Гуам велат дека уште не се забележани масовни откажувања, но стравуваат дека создавањето атмосфера на несигурност може да ги обесхрабри јапонските и корејските туристи.

Гуам бил клучен во американската воена стратегија во Корејската војна од 1950 до 1953 година, а бил важен и во текот на Виетнамската војна како база за бомбардери испратени во мисии во Југоисточна Азија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот