Драга госпоѓо учителке,
нека не Ве чуди ова доцно писмо,
ме потсетија на Вас две мали птици
две обични птици, на телеграфските жици.
Се сетив, знаете, на сите Ваши сказни
полни со љубов за птици слаби и невини, разни,
а за секој наш фрлен камен со чатал кон нив,
клечевме долго зад таблата, под казна.
Не Ви се лутам – далеку од тоа,
па дури ни за влечењето за уши,
на некој начин денес ми е мило
па и пријатно во мојата душа.
Честопати се сеќавам на тоа време дамно,
војна, зима, глад и боцкави жици,
богами, тоа не беше така едноставно,
да научиш некого да засака птици.
Тоа, во најмала рака, госпоѓо моја драга,
е херојство што почит вреди,
да научиш некого како да љуби
додека околу тебе омраза и зло се реди.
Ви благодарам, госпоѓо моја мила,
нека не Ве чуди ова писмо доцно,
ме потсетија на Вас две мали птици,
две најобични птици на телеграфските жици.
Вито Николиќ