X
 26.04.2016 Култура

Како се додворувало во Југославија пред 50 години?

„Југопапир“ составил целосен водич за додворување во целиот свет пред речиси половина век. Меѓу другото, тие имаат и текст за додворување, прегрнување и бакнување во поранешна Југославија.

Во Босна, ако момчето сака да се запознае со девојка, а срамежливо ја гледа, тогаш напомош повикува свој добар другар, кој ја презема иницијативата и договара состаноци, испраќа пораки, а ако љубовта е успешна, учествува и во плановите за брак. За своите услуги, овој другар добива почесно место на венчавката, а младиот пар како благодарност му подарува бела кошула. Меѓутоа, доколку младенците не се согласуваат и дојде до развод, за тоа е виновен тој.

Според „Југопапир“, во Скопје е интересно она што се случувало за време на „сув вторник“, ден кога се одржувала вистинска мала берза за женидба и мажење. Тогаш на саемот се наоѓаат слободни момци и девојки да најдат свој избраник и да создадат меѓусебно познанство.

Во Овче Поле, слободните момци ја покривале главата со марама за девојките да знаат кој е кандидат за женидба. Оној кој си нашол девојка ја тргнувал марамата.

Како се изразува љубов денес знаеме. Нема многу срамежливи. Но, во 1968, за ова добро служеле и огласите со рубрика „Женидба и мажење“.

Кога станува збор за додворувањето, во Југославија се додворува на разни начини. Околу Книн во Хрватска, дури кога дома ќе донесете пршута имате право да дојдете по девојката.

Во Далмација, пак, доколку момчето ја штипне девојката, тоа е доказ дека ја сака. Колку е посилно штипнувањето - толку е посилна љубовта!

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура