Исландскиот хотел „Ранга“ нуди уникатна можност за фотографите. Се бара фотограф кој ќе направи прекрасни фотографии од поларната светлина на Исланд.
Одбраниот кандидат ќе добие бесплатно патување до и од Исланд, сместување во хотелот во период од еден месец и пристап до опсерваторија и џакузи.
Хотелот се наоѓа во јужниот дел на Исланд, помеѓу две села. Од него има поглед на река, вулкан, повеќе глечери и Вестманските Острови. Хотелот е идеално место за гледање на поларната светлина, која најдобро се гледа од септември до март.
За оние кои се заинтересирани за понудата, хотелот бара да бидете достапни барем три недели во периодот кога поларната светлина е највидлива. Хотелот ќе ги добие правата на фотографиите и видеата што ќе бидат направени за време на престојот. Може да се пријавуваат професионални и аматерски фотографи.
Пријавувањето се прави преку формулар достапен
овде.
Извор:
My Modern Met
Фото: Кристјан Петур Вилемсон/
Instagram