X
 16.12.2021 Живот

Меѓу 20 земји со најголема смртност од ковид-19, дури 5 се од поранешна Југославија

Меѓу 20 земји со најголема смртност од коронавирусот, дури 5 се од поранешна Југославија, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдомитер“.

Така, на оваа листа се Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Словенија.

Босна и Херцеговина е трета во светот по смртност, со 4.007 смртни случаи на 1 милион жители, а потоа следува Црна Гора, која е петта на листата со 3.757 смртни случаи на милион жители. По неа е Македонија со 3.722 смртни случаи на милион жители.

Според овие податоци, Хрватска е на 11. место со 2.895 смртни случаи на милион жители, додека Словенија е 17. во светот со 2.618 смртни случаи на милион жители.

ковид

Босна и Херцеговина е на самиот врв од почетокот на објавувањето податоци поврзани со смртноста од коронавирусот, а според овие податоци, сите земји од поранешна Југославија имаат катастрофални резултати.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот