X
 05.01.2017 Живот

Научниците тврдат дека постои врска меѓу пцуењето и искреноста

Можеби ќе сакате да ја преиспитате одлуката што сте ја донеле за Новата Година помалку да пцуете, затоа што научниците открија дека оние луѓе што најмногу кажуваат безобразни изрази се најискрени.

Во студијата со наслов: „Frankly, we do give a damn: The relationship between profanity and honesty“, истражувачите од универзитетите во Хонг Конг, Стенфорд, Кембриџ и од Мастрихт пронајдоа врска помеѓу вулгарноста и искреноста.

пцуење

Истражувачите изјавиле дека вулгарноста може да се однесува на сексуални изрази, безобразност, навредлив сленг и сé друго што се смета за општествено несоодветно. Тие прво испитувале група од 276 учесници за нивните навики за пцуење, како и колку искрени тие биле во различни ситуации и откриле дека најчесните и најискрени луѓе биле „тешки пцујачи“.

Во втората студија истражувачите ги тестирале овие наоди преку анализа на ажурирањата на статусот на повеќе од 73.000 корисници на „Facebook“. Тие ја мереле чесноста и вулгарноста (претходни истражувања покажувале дека „лажговците“ претпочитаат да  користат заменки во трето лице отколку во прво лице и негативни зборови). Повторно се дошло до заклучок дека голема е веројатноста искрените луѓе да користат вулгарен јазик.  

Потоа, тие ги искористеле претходните податоци за да ги споредат нивоата на интегритетот во САД со тоа колку често пцујат и го добиле истиот заклучок. Истражувачите велат дека пцуењето често се користи за изразување на нечии чувства, што укажува на тоа дека луѓето кои редовно го практикуваат тоа се прикажуваат во поискрена светлина.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот