Пцуењето има лоша репутација. Така на пример, се смета дека е непрофесионално да се пцуе за време на интервју за работа. Но во реалноста ова е нешто што скоро сите ние го правиме секојдневно. Всушност, во просек кажуваме околу 10 пцости дневно, а децата започнуваат да пцујат на возраст од шест години или помлади.
Пцуењето всушност може да биде знак за висока интелигенција, вели психологот Ричард Стивенс, и тоа може да ни помогне да бидеме подобри во активности како кревање тежина и справување со болката.
Во еден негов труд, Стивенс и неговиот тим од Универзитетот Келе, од волонтерите побарале да ја држат нивната рака во мраз колку што можат побрзо.
Фото: Shutterstock
-Кога учесниците кажуваа пцости, тие можеа да ја држат нивната рака околу 40 секунди подолго во споредба со тоа кога кажуваа зборови што не се пцости - вели Стивенс.
Според Нилс Ик, психолог и ко-соновач на платформата „Ремент“, пцостите се поврзани со постарите делови од мозокот. Поголемиот дел од јазикот, е лцоиран во коретксот и специфичните јазични области во левата хемисфера.
-Афазијата или луѓето кои претрпеле мозочен удар или други оштетувања на делови од мозокот поврзани со контрола на јазикот, понекогаш пеат песни или пцујат често поради неповрзаност помеѓу пцуењето и јазикот. Луѓето со синдроми за ментално здравје или Тоурет синдромот понекогаш може да имаа нервни тикови во кои е вклучено и пцуењето, што укажува дека е поврзано со основната структура на мозокот наречена базална ганглија - вели Нилс Ик.
Пцостите исто така покажуваат чувство и им дозволуваат на емоциите и страстите да бидат прикажани преку она што го кажуваме, вели Ик.
-Не препорачувам да се пцуе често, но ако го правите тоа, мислам дека е важно да користите лесни и дескриптивни пцости наместо тешки зборови, за да не навредите никого. Пцуењето понекогаш може да ни дозволи да разговараме за табу теми, како што е сексот и религијата, за кои инаку би ни било непријатно да разговараме - додава тој.
Лингвистот Стивен Пинкер објаснува дека луѓето пцујат на пет основни начини: описно, кога пцостите се именки, глаголи или придавки; идиоматично, кога пцостите се користат во неформална средина како дел од заедничка фраза или израз; навредливо, кога се обидувате да навредите некој; категорично, кога користите лош јазик за да нагласите некоја цел; и катарзично, кога ќе си го удрите прстот од ногата или кога ќе добиете казна за паркинг.
Она што го одредува пцуењето варира во земјите. На пример, на Филипините постои специјален вокабулар. Многу зборови имаат алтернативи што се однесуваат на иста работа, но значат и пцости.
Нормален начин да се каже: „Кој ми го изеде пилешкото?“ е „Isáy nagkaón ku manók ko?“, додека „лутата“ верзија е „Isáy naggutók ku maltók ko?“.
Во Бразил, симболот за „ОК“ што се користи во Европа и Америка е неверојатно
некултурен и е еквивалент или полош од покажување среден прст.
Шпанците може да речат „¿Eres tonto o tiras piedras a los aviones?“ што значи „Глупав си или фрлаш камења на авионите?“
Во Франција, луѓето често го користат англискиот збор „f*** you“, додека на мандарински, навредливо е да се каже „Cào nǐ zǔzōng shíbā dài“, односно „E** ги твоите предци до осумнаесеттата генерација“.