За 11 месеци од 2016 година, 50.000 луѓе од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија добиле дозвола за работа во
Германија, додека за истиот период во 2015 година работа добиле 16.500 луѓе, соопштува германската сојузна агенција за работа која се наоѓа во Нирнберг.
Овие луѓе имале конкретна понуда за работа или понуда за пракса.
Германската програма за забрзување на добивање на азил најмногу ја искористиле луѓе од Косово, а за 11 месеци од 2016 година, нивниот број пораснал за 263 отсто, односно 16.400.
Скоро 55.000 бегалци кои не го исполнувале критериумот за азил или им бил одбиен азил, доброволно ја напуштиле Германија од јануари до ноември, што е за 20.000 повеќе во однос на претходната година.