Ако за Нова година си направивте план за да започнете нов бизнис, но сметате дека ви е потребен голем капитал, ова е листа на бизниси за кои парите не би ви претставувале проблем.
Парите се можеби најважното нешто за започнување бизнис, но тоа не единствената работа која ви е потребна. За да започнете нов бизнис исто така потребно ви е :
Планирање – морате да смислите работен и финансиски план. Тоа можете да го направите сами, бесплатно.
Дозвола – зависно од тоа што планирате да започнете потребна ви е одредена сума бидејќи на државата ќе морате да и платите за основањето на фирмата. Секогаш можете да регистрирате свој бизнис надвор и да пројдете поевтино.
Домен – би требало да вложите во онлајн промоција што порано. Можете да бидете комплетно професионални и да изберет внимателно име на домен кој ќе ве брендира.
Веб сајт – денес сите можат да направат свој веб сајт. Потребно ви е само време, а сервисите како „Wordpress“ се лесни за совладување.
Маркетинг – иако звучи скапо, треба да се има на ум дека денес најголемиот дел од маркетингот се одвива на социјалните мрежи. Единствената инвестиција која е потребна за тоа е време.
Опрема – купувањето на опремата може многу да чини, но опремата не е потребна баш за секој
бизнис.
Производ – иако сметате дека за да произведете нешто потребни ви се многу пари, понекогаш потребно е само време.
Кој бизнис да го започнете :
Продажба на креации – ако сте креативен тип ова е одличен избор за вас. Мотивациски постери, слики и слично, можете да ги продавате на платформи како што се „Amazon“ и „eBay“.
Помагање во домаќинство – ако започнете работа за шетање на кучиња или чување на животни или деца, или пак чистење на снег, вашата канцеларија ќе биде вашиот дом. И нема да имате дополнителни трошоци.
Поправање – ако имате одредени вештини треба да ги искористите. Ако сте мајстор, услугите кои ќе им ги давате на луѓе кои не се разбираат од поправање на работи во домот, можете да ги наплаќате.
Консултирање – ако сте веќе дел од некоја професија и област, размислете колку сте научиле за истата. Може да ве плаќаат за да консултирате.
Препродажба – собирате роба и ја препродавате. Можете и да навлезете во соработка со прозведувач и од него директно да ја препродавате робата.
Претприемништво – секогаш можете да основате свое микро претпријатие. Можете да изнајмувате недвижности преку „AirBnB“ да го користите сервисот „Uber“ ис лично.
Кога ќе навлезете во бизнисот и кога ќе почнете да заработувате, тогаш ќе можете да размислувате и за проширување на бизнисот.