Најмалку две лекции од секој курс ќе бидат бесплатни, додека цената на целиот курс ќе се движи помеѓу 20 и 90 евра. Уделот на приходите ќе се дели помеѓу создавачот, издавачот и „Спотифај“.
„Спотифај“ го избра Обединетото Кралство за тестирање на новата функција, каде што ќе се обиде да открие кои теми најмногу ги интересираат корисниците.
Според постојната статистика, околу половина од претплатниците на „Спотифај премиум“ слушале едукативни поткасти или поткасти за самопомош.
Видеосодржините ќе бидат достапни на почетната страница на „Спотифај“ и во опцијата „Курсеви“ на веб-страницата, но и преку мобилната апликација и ќе покриваат широк спектар на теми - од музичка продукција до учење како да се користи „Ексел“.
Во моментов не е познато дали курсевите, кои моментално се поддржани од „Скилшер“, „ПЛЕЈ Виртуозо“, „Би-би-си маестро“ и „Тинкифик“, ќе овозможат интеракција во поглед на испитот или гејмификација.
Извор: Bug.hr
Фото: Freepik