X
 10.01.2015 Образование

Европската студентска унија посочи кон глобалните проблеми со образованието

Образованието да биде тргнато настрана доколку има спогодба за Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции во иднина. Оваа одлука е прифатена од 47 национални унии на состанокот на Европската студентска унија одржан во Баку, Азербеџан на почетокот на декември во 2014 година.


Студентските претставници сметаат дека вклучувањето на образованието во спогодбите за трговија и инвестиции е лошо за општеството. Таквите спогодби ги запоставуваат целите на образованието и ги загрозуваат плановите за пораст во образованието. Европската студентска унија верува дека образованието е едно од најглавните делови од модерната цивилизација кое мора да се смета како јавно добро и јавна одговорност.

Понатаму, студентските претставници изразија сериозни грижи за форматот на преговорите за трговија. Тие се подготвени да преземат мерки од сите нивоа против Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции доколку нивните барања се игнорирани.

На истиот состанок во Баку, Европската студентска унија побара од Европската комисија да престане со промовирање на школарините како можност за финансирање на високото образование. Обидите за зголемување на пристапот до високо образование треба да биде поддржан, наместо тоа. Се посветува преголемо внимание на економската улога на високото образование. Тоа треба да се промовира повеќе како јавна одговорност и јавно добро.

На состанокот се посочи и важноста на учеството на Европската унија во овој проблем. Унијата треба и да ги поддржува, охрабрува и поттикнува бесплатните, академски истражувања и јавни дебати.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование