Францускиот астронаутт Томас Пескет од Меѓународната вселенска станица распиша натпревар за приказна на француски јазик поврзана со „Малиот принц“ за учесници помлади од 25 години.
„Во младоста ме инспирираше Сент Егзипери, писателот кој ја напиша книгата „Малиот принц“ - приказна за момчето кое патува од една на друга планета. Ве повикувам вас да го одведете Малиот принц на некоја нова планета, на некоја нова изненадувачка средба...“
Астронаутот кој престојува на Меѓународната вселенска станица со себе ги зел сите дела на францускиот писател и авијатичар Антоан Сент-Егзипери.
Учесниците - деца, адолесценти и млади треба до 28 февруари да ја испратат својата приказна. Жирито кое е составено од астронаути, вработени во вселенските програми и писатели, ќе изберат десет текстови кои ќе влезат во завршниот дел од натпреварот - пет од Франција и пет од други земји.
Овие десет текстови ќе му бидат испратени на францускиот астронаут кон средината на март, а тој од нив ќе избере два и на 6 април ќе објави кои текстови добиле „Grand Prix“ награда.
Доколку сакате да учествувате на натпреварот, ТУКА можете да прочитате повеќе.