X
 06.03.2019 Живот

Жена астронаут порасна за 5 сантиметри

Американката Ен Меклејн, која е астронаут на мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС), тврди дека нејзиниот костим веќе не ѝ е точен, односно мерењата утврдиле дека таа е 5 сантиметри повисока од денот кога пред три месеци пристигнала на МВС.

Веќе е научно докажано дека неколкумесечен престој во вселената доведува до раст на телото, обично за еден-два сантиметри, а некогаш и повеќе. Но, на што се должи тоа?

Кога човекот се наоѓа во простор без Земјината тежа и гравитација, пршлените се отпуштаат и се издолжуваат. Така астронаутите стануваат неколку сантиметри повисоки.

Но, кога тие ќе се вратат на Земјата, повторно ќе „се смалат“, односно ќе си се вратат на својата вообичаена висина.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот