X
 15.10.2022 Живот

Најпопуларните веб-страници во светот. Што најмногу посетуваат Македонците?

Интернетот е место кое привлекува корисници низ целиот свет. Неговата привлечност е универзална, но начинот на кој луѓето го користат варира во зависност од тоа каде живеат. Токму затоа, луѓето од различни земји во светот посетуваат различни веб-страници.

Тимот на „Хостингер“ создаде графикон што ги прикажува најпосетуваните веб-страници во земјите низ светот, рангирајќи ги податоците од извештајот на „Семрус опен трендс“ објавен минатиот месец. Нивната анализа не ги вклучува „Фејсбук“, „Јутјуб“ или пребарувачите, бидејќи тие би ја преплавиле мапата. Без овие веб-адреси, „Википедија“ е најпосетуваната веб-страница генерално, доминирајќи во 41 земја вклучувајќи ги Франција, Индија и Австралија.

Што се однесува до нашата земја, и Македонците најмногу ја посетуваат „Википедија“.

Без „Википедија“, преференциите за сурфање на интернет во различни земји се прилично различни. „Твитер“, втората најпопуларна страница на мапата, доминира во 10 земји вклучувајќи ги Мексико, Индонезија и Јужна Африка. „Амазон“, број 1 веб-страница во САД, е омилена во 4 земји, како и арапската спортска веб-страница „Кооора“.

Доколку во рангирањето беа вклучени онлајн гигантите, мапата би изгледала поинаку. „Гугл“ досега е најпопуларната веб-страница во светот, а меѓународните корисници трошат 213,2 милијарди часа на оваа веб-страница на годишно ниво.

foto
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција

Извор: Mental Floss
Фото: Hostinger
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот