X
 21.01.2017 Технологија

„Microsoft“ предупредува: „Windows 7“ е застарен и небезбеден!


Напис Windows 7

По излегувањето на оперативниот систем „Windows 10“ на пазарот, „Microsoft“ сите свои ресусрси ги насочи кон надградба на последната верзија, независно од тоа што добар дел од корисниците беа и повеќе од задоволни со постоечките оперативни системи. Ова особено се однесува на „Windows 7 OS“, што според многумина е најдобриот и најстабилниот систем во историјата на гигантот од Редмонд, иако многу од корисниците, без размислување, титулата би му ја доделиле на „Windows XP“.

„Windows XP“ одамна е прогласен за „поранешен“ од страна на компанијата, а моментално во Редмонд прават сè за (присилно) да го „пензионираат“ и „Windows 7“.

Поддршката за „Windows 7“ во целост ќе се укине на 14 јануари 2020 година, па се чини дека иако има доволно време за замена на „седумката“ со „десетка“, „Microsoft“ почна да ги предупредува корисниците дека овој систем практично е застарен, несигуен и потенцијално опасен за сите кои го инсталирале на своите компјутери. По завршувањето на кампањата за бесплатен премин на „десетката“, ова е нов обид на компанијата да ги убеди корисниците дека е крајно време да ги надградат своите оперативни системи со последната стабилна верзија. Ова особено се однесува на деловните корисници кои би можеле, според соопштението од Редмонд, да бидат изложени на сериозни безбедносни ризици.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија