„Гугл“ веќе некое време работи на нов мистериозен оперативен систем кој е познат под името
Fuchsia, а сега е објавено и првото видео од овој ОС каде се прикажува како ќе изгледа, пишува
arstechnica.com.
За разлика од
Android и
Chrome оперативните системи кои се базираат на
Linux,
Fuchsia е создаден на новиот кернел на „Гугл“,
Magenta, се потенцира во нивниот напис.
Fuchsia од форма на командна линија, кога е откриен во август минатата година, досега помина долг пат и неодамна доби и кориснички интерфејс. Дизајнот е заснован на на картички кои многу потсетуваат на
Google Now.
Ако се тргне од изгледот на корисничкиот интерфејс,
Fuchsia би можел да биде и новиот оперативен систем за паметни телефони и таблети на „Гугл“. Засега нема информации што планира да прави „Гугл“ со овој оперативен систем, но постои можност
Fuchsia во иднина дури и да се промовира како замена за
Android.
Погледнете го видеото: