X
 21.01.2017 Култура

Што Трамп вети дека ќе направи уште првиот ден?

Уште од победата на Доналд Трамп, светот постојано шпекулира за тоа како ќе изгледа претседателството на Трамп.

 

трамп


Едни луѓе велат дека милијардерот ќе ја смири реториката која ја водеше за време на кампањата кога ќе влезе во канцеларијата со што му е дозволен „грејс период“, додека други велат дека очекуваат сосема нови размислувања, и дека треба да се суди според неговата реторика.

Трамп изјави дека многу работи ќе ги направи уште првиот ден. Доколку ги имплементира, неговата политичка структура за Америка би можела да донесе радикални промени во само еден ден.

Ова се само некои од ветувањата кои ги даде за време на неговата кампања, за кои рече дека ќе ги воведе уште првиот ден од претседателството.

Укинување на сите извршни наредби на Обама

Потпретседателот Мајк Пенс на неговиот „Twitter“ профил изјави дека Трамп планира да ја укине секоја извршна наредба на Трамп уште првиот ден. Извршните наредби се еднострани дејства за кои не треба одобрување од Конгресот.

Технички е возможно Трамп да издаде наредба со која ги поништува сите извршни наредби кои Обама ги потпишал уште првиот ден како претседател.  Неговиот портпарол Шон Спајсер во средата изјави дека тој би можел да наметне четири или пет извршни налози уште првиот ден.

Укинување на „Obamacare“


Трамп честопати низ неговата кампања ветуваше дека ќе ја укине „Obamacare“. И не само што потпретседателот Пенс изјави дека новоизбраниот претседател веднаш ќе ја укине, туку и ова се наоѓа на веб страницата од кампањата на Трамп.

„На првиот ден на администрацијата на Трамп, ќе побараме од Конгресот веднаш да достави целосно укинување на „Obamacare“, пишува на веб страницата.

 

Укинување на зоните каде е забрането оружјето


Трамп во текот на неговата кампања вети дека ќе се ослободи од овие зони бидејќи за него тие делуваат како „мамка“.

„Ќе се ослободам од ваквите зони во училиштата и воените бази. Уште првиот ден како претседател ова укинување ќе биде потпишано“, изјави тој.

Меѓутоа, експертите велат дека укинувањето на овие зони бара одобрување од Конгресот со што извршната наредба е целосно нефункционална.

Градење мексикански ѕид

Трамп изјави дека веднаш ќе започне со изградба на граница меѓу Мексико и Америка.

„Првиот ден ќе започнеме да градиме непробоен, висок, силен, убав јужен граничен ѕид“, изјави Трамп за време на говор за имиграцијата во Феникс во септември.

Депортирање на мигрантите без документи

Во септември, Трамп исто така изјави дека нема да губи време и дека веднаш ќе депортира 2 милиони мигранти со наводни криминални досиеја.

„Ќе започнеме да ги преселуваме, уште од првиот ден. Уште од првиот час во канцеларијата, овие луѓе ќе ги нема“.

„Make America Great Again“

Ова можеби звучи како очигледно, меѓутоа пред скоро една година Трамп изјави дека ќе го направи ова уште првиот ден и оваа фраза ја кажа уште илјадници пати од тогаш.

Повлекување од Транс-пацифичкото партнерство


Тој вели дека доколку биде избран, ќе ја повлече Америка од Транс-пацифичкото партнерство чија цел е полесна трговија меѓу 12 земји од Пацифичкио обрач - освен Кина која одби да го потпише партнерството. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура