Доколку сте љубители на теории на заговор, оваа приказна ќе ви се допадне, но доколку цврсто стоите на земја, малку ќе се насмеете. Приказната доаѓа од „Твитер“ и е поврзана со една книга, Трамп, Тесла и патувањето низ времето.
Касандра Пара на својот профил на „Твитер“ го сподели резултатот од едно мало истражување.
„На работа сум, ја гледам страницата на Конгресната библиотека и наидов на книга напишана во 1893 година. Погледнете го насловот. Книгата е за момче кое се вика Барон Трамп и кое пронашло таен портал и патувало низ времето. Но, тоа не е најлудиот дел. Почекајте. Името на синот на Доналд Трамп е Барон, но нештата стануваат полуди.
Зарем не изгледаат исто? Но, чекајте, нештата стануваат подобри. Во книгата, Барон Трамп имал ментор кој се викал погодете како... Дон. Станува подобро. Дејствието во книгата се одигрува во Русија. Неколку години подоцна, во 1896 година, истиот автор пишува продолжение на книгата, но го нарекува „Последниот претседател“ и тогаш нештата стануваат сериозни.
Книгата е за исклучително богат човек кој живеел на Петтата авенија во Њујорк, кој се кандидирал за претседател, но не очекувал дека ќе победи. Чекајте!
Се колнам дека не го измислувам ова, а оди сѐ подлабоко.
Кога во книгата тој победил, сите биле изненадени и луѓето почнале да протестираат и да се бунат, а по инаугурацијата почнал да потпишува наредби, но има уште. Се сеќавате дека оваа книга е напишана пред повеќе од 124 години? Сепак, по инаугурацијата почнал да бира луѓе за својот кабинет и погодете кој е еден од нив.
Пенс. Да, Мајк Пенс. Не го измислив ова. Сите можете да ја прочитате книгата сами, но ова не е крајот.
Во 1943 година еден умира од најголемите научници, Никола Тесла, а пред смртта тврдел дека направил временска маѓина која ја користел за патување во минатото и иднината. Продолжете да читате.
Кога починал американската влада ги земала сите негови пронајдоци и белешки. Откако прегледале се, тие документацијата ја предале на ФБИ.
Кога се откажале од обидот да ги сфатат неговите пронајдоци, тие ангажирале надворешен инженер кој можел да ја разбере работата на Никола Тесла и погодете кој бил тој. Го ангажирале Џон Трамп. Џон Трамп е дедото на Доналд Трамп, но откако ја проучил временската машина и белешките на Теса, рекол дека не пронашол ништо, но можеби лажел за да го задржи пронајдокот за себе.
Интересен факт - мајката на Доналд Трамп се викала Мери, средното име на неговиот татко е Христ, а тој е роден за време на целосно помрачување на
Месечината.“