Организацијата „Oxfam“ и оваа година објавила извештај кој предупредува на растот на нееднаквоста во светот.
Овој пат ги истакнуваат осумте најбогати на светот – на врвот е Бил Гејтс, кој има еднакво богатство како и најсиромашната половина од светската популација. Организацијата повикува на похумана економија и апелираат до владите во светот да наметнат поголем данок на богатите во светот.
Критичарите на извештајот сметаат дека еден процент на најбогати не е проблем. Нивното богатство, според нив е неважно за животот на повеќето луѓе. Критичарите предупредуваат дека и кога нивното богатство би се распределило на целата светска популација, тоа би биле безначајни износи кои не би го подобриле животот на сиромашните.
На веб страницата „
globalrichlist.com“ можете да пресметате во колку најбогати луѓе на светот спаѓате. Има две верзии на пресметка – на основа на годишниот нето приход и на вредноста на недвижностите.