Списанието The Sun пишува дека постојат две тајни функции во iOS 10.3, последната верзија на оперативниот систем на Ајфони и Ајподи, и тие ќе го променат начинот на кој корисниците пишуваат.
„Тастатурата со гестови“ дозволува да избришете со поминување на лево на било кое копче и да вметнете празно место со поминување на десно.
Другата функција е „лебдечката тастатура“ која може да се движи низ екранот. Функциите се објаснети на твитовите подолу.
Тие се сокриени со iOS код и не се лесно достапни, што значи дека уште се работи на нив и ќе бидат промовирани наскоро.