Еден ден некој го прашал Ворен Бафет која е неговата тајна до успехот. Тој покажал кон книгите и рекол : „Читајте 500 страници секој ден. Така функционира знаењето“.
Она што е
потребно за да се следи овој совет е едноставна математика и неколку правилни алатки.
1. Не се откажувајте пред да почнете
Кога прочитавте дека потребно е да се читаат 500 страници на ден сигурно си помисливте дека тоа е невозможно, бидејќи сте зафатени и слично. Но, ако размислиме, колку време е потребно за да се прочитаат 200 книги во една година? Не е толку тешко, само треба да донесете одлука и да започнете.
2. Едноставна математика
Просече Американец чита 200 до 400 зборови во минута, а во просек книгите имаат по 50 илјади зборови.
• 200 книги пати 50.000 зборови од книга = 10 милиони зборови
• 10 милиони зборови делено со 400 зборови во минута = 25.000 минути
• 25.000 минути = 417 часови
Што значи, за да прочитате 200 книги, потребно е да потрошите 417 часови годишно.
3. Најдете време
Просечен Американец троши 608 часа на социјалните медиуми, 1642 часа пред ТВ, а најверојатно слични се бројките и кај останатите народи во светот. Тоа се навистина многу часови поминати пред компјутер. Дел од нив заменете ги со книга.
4. Дејствувајте
Осигурајте се дека сите работи кои ве спречуваат да читате, како ТВ и социјални медиуми, се отстранети во моментот кога решавате да читате. Книгите нека бидат поставени на видливо и лесно достапно место. Освен тоа, ако веќе поминувате многу време на интернет, можете и да читате онлајн книги на вашиот лап топ или телефон.