X
 08.12.2021 Живот

Часовник го кажува времето со помош на цитати од книги

Кога сè, од телефон до компјутер и телевизор, може да ја реши мистеријата на прашањето колку е часот, посветениот часовник денес треба да испорача поголеми функционалности за да го оправда своето постоење.

Така, на овој нов часовник наречен „Автор-часовник“ (Author clock) стрелките и бројките се заменети со цитати од книги што го споменуваат тековното време.

Оваа забавна идеја не е сосема нова. Во 2010 година уметникот Кристијан Маркли објави филм наречен „Часовникот“ за кој веројатно малкумина слушнале, а уште помалку го гледале. Филмот е долг 24 часа и целото негово траење е составено од над 12.000 различни филмови каде што се споменува времето или се прикажува во кадри од часовници во период од 24 часа.

Слично на тоа, овој часовник е направен од рециклирана ABS-пластика поврзана со куќиште од дабово дрво, екран што се освежува со нов цитат од книга секоја минута, што се влече од базата на податоци од над 2.000 книги.

2
Фото: Kickstarter

Корисниците не можат да ги бараат своите омилени автори бидејќи една од придобивките што ги нуди часовникот е случајноста на цитатите.

Достапни се две верзии од часовникот, модел широк 4,6 инчи со батерија што трае две недели и поголем модел од 7,75 инчи со поголем екран што може да се види од подалеку, плус батерија со траење од два месеца.

3
Фото: Kickstarter

Креаторите на часовникот одлучија да се обидат на „Кикстартер“ да побараат помош за финансирањето на уредот, а поддржувачите можат да ја нарачаат малата верзија за околу 120 долари или големата за 230 долари, со очекувана испорака во април наредната година.

Извор: Gizmodo.com
Фото: Kickstarter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот