X
 24.02.2017 Живот

Каде да ги барате вашите изгубени клучеви?

Ако ги загубите клучевите, сигурно мислите дека најдобро е да барате на најочигледното место пред да започнете со потрага во потешко достапните места. Но, неодамнешна студија покажала дека нашата периферна визија е подобра отколку што мислиме и тоа што сме толку темелни додека бараме можеби е само губење на време.


Фото: Pixabay

Студијата спроведена на Универзитетот во Аберден е објавена во „Proceedings of the Royal Society B Biological Sciences“ и открива дека луѓето имаат тенденција да потрошат многу време во барањето на предмети во „лесните“ подрачја иако тоа не им пружа никакви информации. Експертите кои ја спровеле студијата, порачуваат да започнете да ги барате вашите клучеви или пто и да е што сте изгубиле, на места каде што би било тешко да се здогледа изгубениот предмет. Така што, советот е да не барате на масата, креветот или подот повеќе пати. Фокусирајте се на местата каде што има најмногу неред и скенирајте на местата каде што вашата периферна визија не би можела толку лесно да го воочи нивниот облик. Натрупаната облека, несредените фиоки, масичките каде што сте пиеле кафе се подобро место за барање и инвестирање на времето.

Ако клучевите биле на некое очигледно место, веднаш би ги пронашле.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот