X
 29.09.2019 Наука

Тираносаурусот имал сила да уништи автомобил со забите

Тираносаурусот рекс можел да уништи автомобил со забите. Тој предизвикувал шест тони притисок врз неговите несреќни жртви. Но, иако повеќе докази ја поддржуваат оваа процена, постои дебата за тоа како го правел тоа затоа што имал лабаво споен череп.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека коските на черепот мора да биле фиксирани и цврсти за животното да имало застрашувачки загриз.

- Ти-рексот бил само едно од оние оптимално изградени животни. Имал гигантски мускули на вилицата и многу ефикасно ја преземал таа мускулна сила и ја користел за пленот, затоа што имал тврд череп - вели коавторот на истражувањето, Кејси Холидеј, палеонтолог на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Мисури“.

reks
Фото: National Geographic


- Ова е различно од черепите на цицачите, како нашите, каде што постојат само два дела: дел што го држи мозокот и долната вилица - вели Холидеј.

Сепак, идејата дека ти-рексот имал флексибилен череп претставува математички проблем.

- Кога имате џин како черепот на ти-рексот кој каса со огромна сила... ако имате вградена флексибилност во системот, ќе се соочите со многу неуспеси. Ќе треба да ја преземете целата сила од мускулите и да ја ставите во пленот низ забите - вели Холидеј.

За да ја тестира идејата, Холидеј и нејзиниот поранешен студент Иан Кост, сега асистент-професор на колеџот „Олбрајт“ во Ридинг, Пенсилванија, создале дигитални модели на черепот на ти-рексот. Тимот открил дека диносаурусот најефикасно применувал притисок кога зглобовите во горниот дел од черепот во голема мера останувале неподвижни.

- Лицето и черепот на ти-рексот не биле способни за движење. Ова го поддржува нашиот заклучок дека коските од устата не се движеле кога диносаурусот ќе го каснел пленот - вели Кост.

Ова значи дека тој подобро ја користел целата сила на мускулите на вилицата отколку неговите предци или роднини со подвижни непца.

Тираносаурусите се необични бидејќи нивните заби се најсилни во предниот дел од устата, за разлика од предаторите како крокодилите, чии силни заби се наоѓаат во задниот дел.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука