Најдолгиот (без застанување) комерцијален лет во светот слета во Окленд, Нов Зеланд, во понеделникот после полетувањето од Доха, Катар. Патувањето на „Qatar Airways“ лет QR920 беше 14.535 километри долг, траеше 16 часа и 23 минути и помина 10 временски зони и беше поздравен како нова пресвртница и за глобалната авијација и за Нов Зеланд како целина.
Постои мала контроверзија околу тврдењата на авиокомпанијата. „Air India“ раководи со лет од Њу Делхи до Сан Франциско кој е долг 15.126 километри, меѓутоа „Qatar Airways“ е компанијата која постави рекордот: Од Доха до Окленд има 14.527 километри додека од Њу Делхи до Сан Франциско има 12.372 километри.
Зголеменото растојание доаѓа од фактот што авиокомпаниите не летаат директно до нивната дестинација. Тие може да изберат да избегнат да летаат над некои земји. Во случај на летот на „Air India“, авиокомпанијата лета над Тихиот Океан со многу „ветар во грбот“ со што заштедува за гориво.
„Qatar Airways“ користи „Boeing 777-200LR“, авион лансиран во 2006 година, специјално дизајниран за долги летови.
Патниците на инаугуративниот лет добиле комеморативни торти, а оние кои седеле во бизнис класата добиле специјален коктел.
Се очекува
летот да им помогне на индустриите на Нов Зеланд. Авионот може да пренесе транспорт од 116 метрички тони. Министерот за трговија Тод Меклеј предвидува зголемување од 36 милиони долари за економијата на земјата преку зголемување на товарниот капацитет обезбеден од страна на редовно закажаните летови.