Пилот од „Туркиш ерлајнс“ дознал дека неговиот наставник е во авионот. Гестот што го направил им ги насолзил очите на сите патници во авионот.
Не се секојдневни ваквите сцени за време на лет. Но, она што се случило на летот на „Туркиш ерлајнс“ кај сите патници во авионот предизвика солзи од среќа и благодарност.
Новинарот Итиша ул Хак го споделил на својот твитер-профил видеото на кое се гледа што направил пилотот на кога дознал дека неговиот наставник е патник во авионот.
Пилотот најавува дека неговиот наставник е во авионот, а потоа цел екипаж оди до наставникот и му се заблагодарува со букет цвеќиња. Секој од екипажот му ја бакнува раката на наставникот како знак на почит, а потоа доаѓа пилотот. Наставникот, трогнат од гестот, веднаш почнува да плаче, како и сите патници во авионот.
- „Туркиш ерлајнс“ му се заблагодарува на
наставникот на пилотот, кој беше патник во авионот. Многу емоционално и ја покажува почитта кон едукаторите што ги обликуваат нашите животи - пишува Хак.