X
 14.11.2021 Забава

Се бара лице што ќе биде платено да гледа филмови со Бети Вајт

Легендарната Бети Вајт на 17 јануари ќе наполни 100 години, а во чест на нејзината 80-годишна кариера, американската осигурителна агенција организира игра за обожавателите.

Агенцијата „Чојс мјучуал“ ќе му плати 1.000 долари на еден среќник за да гледа филмови и серии со актерката цели 10 часа.

Одбраниот обожавател ќе треба да ги изгледа содржините во само еден ден, а притоа да го споделува своето искуство со јавноста преку објави на социјалните мрежи.

Пријавувањето е отворено до 22 ноември. Може да се пријавуваат само жители на САД.


Извор: Klix
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава