X
 11.02.2017 Живот

Научниците ги откриваат штетните последици од алтруизмот?!


Сочувствително држење на раце

Научниците истакнуваат дека епидемијата на осаменост која се распространува низ западниот свет, може да биде подеднакво штетна по здравјето како и пушењето или прекумерната дебелина. Додека постојат јасни докази дека социјалната активност е подеднакво важна како и телесната, Newsweek смета дека е логично да трошиме барем еднаков напор на одржување на добри односи со другите луѓе како на останатите здрави навики, како што се вежбањето и диетите.

Како и сите други активности, така и одржувањето на социјалните контакти бара вложување време, енергија, па и пари. Меѓутоа, кои се бенефитите од алтруизмот и споделувањето?

Општествените предности се неспорни. Барем што се однесува до мислењето на еволуциските психолози кои ја развиле теоријата за компетитивниот алтруизам, според која поединците кои се склони кон помагање имаат повисок општествен статус во групата, а со самото тоа имаат и поголеми шанси за одбирање на потенцијални партнери. Актуелните истражувања покажуваат и дека алтруистичните луѓе се позадоволни од својот живот и помалку страдаат од депресија.

Но, алтруизмот имал и своја друга страна. Истражувањата сугерираат дека постои и вишок на добрина или добродетелство. Симптомите на стрес и воопшто лошата ментална состојба се најчести кај оние лица кои секојдневно им помагаат на други. Не станува збор само за здравствени работници туку и за луѓе кои се грижат за членовите на семејството. Да се балансира меѓу грижата за другите и грижата за себе претставува многу напорна работа. Иако постои свест колку е важно да се одвои малку простор и време за самите себе, се чини дека тоа не е секогаш лесно.

Добрината, добродетелството и алтруизмот, се позитивни особини и значат дека имате пријатна личност, не сте агресивни, манипулативни или осветољубиви. Но, користа од сето ова не е докрај јасна, велат научниците. Изразувањето на лутина е поврзано со зголемен ризик од срцеви заболувања во западниот свет, но во азиските култури е комплетно спротивно.

Западните истражувања покажаа дека лутината и потиснувањето на бесот се поврзани со лоша здравствена состојба. Затоа, Juliet Wakefield препорачува - избегнувајте да се лутите, но  кога веќе сте лути, тогаш добро е и да го покажете тоа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот