X
 18.07.2015 Здравје

Кошмарите всушност се добри за нашето ментално здравје

На сите нас барем еднаш во животот ни се случило да сонуваме дека паѓаме, дека некој нѐ брка или убива, после што се будиме во состојба на паника, па потребно ни е време да сфатиме дека ништо од тоа всушност не се случило.

И покрај тоа што сме преплашени, сепак науката вели дека кошмарите служат како еден вид на емоционално ослободување, а благодарение на тоа ослободување, кај човекот се намалува нивото на секојдневен стрес и анксиозност.

Обично она што најмногу нѐ плаши на јаве, продолжува да нѐ плаши и во соништата. Потсвеста и апстрактните стравови се претвораат во приказна која се јавува како кошмар.

Еве како функционира сето тоа: мозокот го претвора стравот во меморија во вид на кошмар. Ова е корисно бидејќи многу полесно е да се соочите со спомените кои претставуваат нешто што се случило во минатото, отколку со „магловита“ анксиозност во врска со светот кој нѐ опкружува.

Така што, ако спаѓате во оние 8% од луѓето кои од време на време се соочува со кошмари, не се грижете - тоа е само начин на кој вашиот мозок се ослободува од стравовите во вас.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје