X
 03.07.2015 Култура

(ОФИЦИЈАЛНО) Ова е најскапото дело во историјата на модерната уметност

слика

 

Сликата на Енди Ворхол „Еден долар“, прва од серијата на  долари банкноти е продадена во средата на аукцијата во лондонската галерија за 20.9 милиони фунти што претставува највисоката цена која ја има постигнато некое дело од современата уметност.


Но, сликата најавена како главна ѕвезда на аукцијата „Студијата за папата I Франциско Бакон“ којашто беше проценета на 25 до 35 милиони фунти остана непродадена бидејќи не ја постигна посакуваната цена.

На аукцијата во средата доминираа дури осум дела на Ворхол инспирирани од Американскиот долар, а делото на овој американски уметник од 1962, „Банкнота од еден долар (сребрен сертификат)“, ја надмина предвидената цена од 18 милиони фунти и е продадена за 20.9 милиони.

Делата на Ворхол вкупно заработија 34.4 милиони фунти, а уште 11 дела на аукција беа понудени вчера.

Најчесто наддавање на оваа аукција имаше за делото „Четири јајца на чинија“ од Лучијано Фредо од 2002. Сликата која ја има подарено на покојната војвотка од Девоншир е продадена за 989.000 фунти - десет пати повеќе отколку што се очекуваше.

 


Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура