Американскиот конгрес не може да се пофали дека има научни факти кои ја поткрепуваат теоријата за тоа дека климатските промени не се реални.
Во четвртокот, претставникот Џејсон Шафетз одржа состанок во градското собрание со над 1.000 негови избирачи (и уште 1.000 надвор од салата кои не можеа да влезат поради капацитетот на собранието).
Тој обрна внимание на 13 прашања, меѓутоа говорот ниту започна, ниту заврши добро за Шафетз кој ја напушти бината 75 минути подоцна поради исврикувањето од публиката.
Две едноставни прашања од десет годишно девојче ја предизвикаа најгласната реакција. Хана Бредшо го праша конгресменот две прашања:
- Што ќе направите за да помогнете во
заштитата на нашата вода и воздух за нашите генерации и генерациите на моите деца?
- Дали верувате во наука? Бидејќи јас верувам.
Шафетз се поздрави со неа и ѝ честита за нејзината самодоверба да постави прашање на политичар во просторија полна со луѓе, и ја охрабри да остане вклучена.
„Она што се фрла во воздухот, она што се фрла во водата, очигледно има влијание врз нашата средина. Имаме голем проблем со загадувањето, особено во Солт Лејк долината. Мора да се осигураме дека сме доволно одговорни.
Вие имате различен пристап за тоа како јас го правам од мене, во ред?
Ја поддржувам стратегијата за енергија и јас мислам дека јагленот е важен дел од тоа“.