X
 12.02.2017 Технологија

Новитет на „Viber“ што не е баш воочлив


Вајбер

Популарната апликација „Viber“ неодамна ги воведе опциите за тајни и самоуништувачки пораки. Меѓутоа, како што забележаа корисниците, опциите за ваквите пораки не се лесно воочливи.

Самоуништувачките пораки овозможуваат праќање на фотографии и видео прилози со пропратен текст и дефинирано време по кое пораката сама себе ќе се избрише.

При праќањето пораки или видеа, можете да ја одберете опцијата за времетраење на пораката до 10 секунди. Примачот на пораката ќе има време за прегледување толку колку што одредил испраќачот при праќањето, а потоа пораката ќе се избрише.

А како да пратите, т.н. „тајна“ порака?


Кликнете на апликацијата „Viber“, во листата на контакти одберете го лицето на кое сакате да му испратите порака, одберете ја фотографијата или видеото - но не ги испраќајте, туку во десниот долен агол кликнете на иконата со форма на молив. Потоа, во долниот лев агол побарајте ја иконата со форма на часовник, кликнете на неа и одберете интервал за прикажување на тајната порака. Внесете текст или прескокнете го тоа доколку нема потреба и испратете ја пораката.

По праќањето на пораката, испраќачот и примачот ќе видат „заматена“ порака во зедничкиот разговор. По кликнување на „заматената“ порака ќе се појави предупредување за тајна порака, која по извесно време ќе се изгуби.

Единствениот доказ за испратената порака останува кај испраќачот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија